Промени тема
Контакт

Македонија повторно на страна на Нацизмот во ООН, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
5

„Владата на ДПМНЕ продолжува да ги претставува туѓите интереси, наместо да ги застапува принципите и вредностите на македонскиот народ. Со гласањето „ПРОТИВ“ Резолуцијата за осуда на нацизмот, Македонија уште еднаш покажа дека нејзината надворешна политика останува заробеник на колективниот Запад“, соопшти Левица.

— реклама —

„На 17 декември, во Њујорк, за време на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои поттикнуваат расизам и ксенофобија. Документот доби поддршка од 119 држави, додека Македонија, со срамното гласање „ПРОТИВ“, повторно ги поткопа своите антифашистички традиции.

— реклама —

Уште позагрижувачки е фактот што Македонија, преку својот претставник Душко Узуновски, се вброи во малцинството од 53 држави кои ја отфрлија резолуцијата, и тоа во година кога светот ја одбележува 80-годишнината од Победата над фашизмот. Со овој чин, Владата демонстрира дека не ги почитува жртвите на антифашистичката борба ниту вредностите на АСНОМ, кои се темел на нашата државност.

Ова е континуитет на поразителната надворешна политика која дозволи прифаќање на диктати од Бугарија, со кои се поткопуваат македонската историја и антифашистичкото наследство, и продолжува со ова отворено величење на нацизмот преку игнорирање на ваквите меѓународни иницијативи.

— реклама —

Левица повторно потсетува дека уште во 2022 година нашите пратеници предложија Резолуција против рехабилитација на фашизмот, но таа остана заклучена во фиоките на власта. Владата тогаш, како и оваа сега, го игнорира македонскиот народ, не признавајќи го неговото антифашистичко наследство.

— реклама —

Левица ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и единствениот политички субјект кој доследно ги брани антифашистичките вредности на Македонија. Време е да се стави крај на вазалскиот пристап во надворешната политика!“, се наведува во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања