Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција порача дека македонската Армија добива признание и поддршка од Европската Унија и НАТО благодарение на својата професионалност, посветеност и исполнувањето на обврските како земја-членка на Алијансата.

— реклама —

Тој, по повод примопредавањето на донација од Европската Унија за Армијата, упати благодарност до ЕУ за поддршката, како и до Министерството за одбрана, Генералштабот и припадниците на Армијата за нивната посветена работа.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да инвестира во одбраната и да ги исполнува сите обврски што произлегуваат од членството во НАТО.

Тој потсети дека при неодамнешната посета на врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, генерал Алексус Гринкевич, Македонија добила високи оценки за инфраструктурните проекти и вложувањата во одбранбениот сектор.

— реклама —

Според премиерот, средствата што државата ги издвојува за одбраната достигнуваат околу четири проценти од бруто-домашниот производ, што претставува значајна инвестиција во модернизацијата и развојот на Армијата.

— реклама —

„Имаме јасен приоритет да инвестираме во македонската Армија и дополнително да ја зајакнеме нејзината конкурентност“, истакна Мицкоски, додавајќи дека Армијата и денес претставува професионална и подготвена сила, што беше потврдено и преку изведената воена вежба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања