Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Македонски државјанин загина во тешка сообраќајка во Цирих, возачот избегал, па подоцна се предал на полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarybmlngt843unk5G665Kd
Kantonspolizei Zürich

Маж починал од последиците на сообраќајна несреќа што се случила во швајцарската станбена област Шлирен, Цирих, пишува Blue news.

Патник во автомобил – 39-годишен државјанин на Северна Македонија – се здобил со животно-загрозувачки повреди во несреќата што се случила во неделата наутро. Возачот, кој првично избегал од местото, подоцна сам се пријавил во полиција. Друг патник е сè уште во бегство.

— реклама —

Кантоналната полиција на Цирих соопшти дека несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот. Возач управувал автомобил со повеќе од 500 коњски сили, движејќи се од Енгштрингершрасе кон Грабенштарсе. Во еден момент, возачот изгубил контрола и излетал од патот.

— реклама —

Возилото удрило во улично светло, закачило дрво и со предниот дел се забило во фасада од куќа. Повредениот Македонец бил итно пренесен во болница од Итната служба на Лиматал, но подоцна им подлегнал на повредите.

Возачот – исто така 39-годишен државјанин на Северна Македонија – и уште една засега непозната патничка избегале од местото на несреќата без да му укажат помош.

— реклама —

Полицијата: возачот возел со многу поголема брзина

Полицијата и обвинителството Цирих–Зил отворија истрага. Според траговите, возачот се движел со значително поголема брзина од дозволените 30 км/ч.

— реклама —

Кратко пред пладне, возачот сам се пријавил во полиција. Истрагата за непознатата патничка продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7h7voq4r9agi7Ec1oOB

(Видео) Камион излета на скопската обиколница

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Македонски државјанин загина во Италија по директен судир со камион

Македонија | пред 2 дена

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 6 месеци

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања