Промени тема
Контакт

Македонскиот глумец Владо Јовановски предлага Македонија да стане 51. сојузна држава на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
media-library9f6sh4re5cb134mKb7C

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Владо Јовановски предлага Македонија да стане 51. сојузна држава на Соединетите Американски Држави. Во своја објава на социјалните мрежи, тој наведува дека ваквиот потег би можел да донесе нови можности за државата, а истовремено да го зачува македонскиот идентитет.

Јовановски смета дека Македонија би можела да го задржи својот идентитет без, како што наведува, срамни и понижувачки додавки, а англискиот јазик би можел да стане дополнителен официјален јазик.

— реклама —
— реклама —

Меѓу можните придобивки што ги набројува се американски пасоши за македонските граѓани, патување без визи низ светот, нови инвестиции, избор на гувернер и примена на американското законодавство.

— реклама —

Глумецот во објавата наведува и дека ваквото решение би можело да придонесе за заштита на Македонците во соседните земји од асимилација, како и за надминување на преговорите и компромисите со Европската Унија, кои ги оценува како понижувачки.

Јовановски смета дека идејата би можела да се реализира додека Доналд Трамп е претседател на САД, оценувајќи дека тој има храброст и доволна подготвеност за таков потег.

„Ова ми изгледа многу реално, потребно и возможно. Да го искористиме времето додека е Трамп претседател на САД“, пишува Јовановски во објавата.

Тој наведува дека со ваков чекор, според неговото размислување, Македонија би можела трајно да ја промени својата иднина и да се заштити од негирање и асимилација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library36onjugq6oucbxfb4d4

Актерот Владо Јовановски до судијата Ѓоко Ристов: „Мајка ти ја разбирам, ама тебе не те разбирам, зошто ја изложи на потсмев?“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytdmll7733gek7NRVGsD

Владо Јовановски: „Извинување за Ваташа е патот кон вистинско македонско-бугарско братство“

Македонија | пред 3 месеци

media-library2q5hrmbugqiuaIx4Cyz

Актерот Владо Јовановски: За малку ќе играв главна улога во филм, ама изгледа повторно ќе се посветам на земјоделие

Коментари | пред 4 месеци

20190530102357

Актерот Јовановски за мигрантите: Ќе бев вознемирен ова да го кажеше Заев, спокоен сум бидејќи го кажува Христијан

Коментари | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања