Промени тема
Контакт

Македонските превозници излегуваат на протест поради правилото 90/180 дена за престој во Шенген

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
prevoznici

Македонските превозници и професионални возачи најавуваат протест во Скопје поради проблемите со примената на правилото 90/180 дена за престој во Шенген-зоната, за кое велат дека сериозно влијае врз работата на возачите кои секојдневно вршат меѓународен транспорт.

Асоцијацијата „МАКАМ-ТРАНС“, која ги повикува превозниците, возачите, соработниците и ВИП-членките да се приклучат на протестот, најави дека собирот ќе се одржи во понеделник, 31 август, од 12 до 14 часот, пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

— реклама —

Од асоцијацијата бараат да се најде соодветно решение што ќе ги земе предвид специфичностите на работата на професионалните возачи и ќе им овозможи непречено да ги извршуваат транспортните услуги.

— реклама —

„Професионалните возачи мора да имаат соодветно решение за специфичностите на нивната работа и непречено да го остваруваат својот превоз“, порачаа од „МАКАМ-ТРАНС“.

Од Асоцијацијата ги повикаа сите засегнати да се приклучат на протестот и да испратат заедничка порака до надлежните институции.

— реклама —

„Само обединети можеме да бидеме слушнати“, велат од „МАКАМ-ТРАНС“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања