Промени тема
Контакт

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и Европа во последните недели се соочуваат со засилени руски хибридни закани. Тој ова го истакна по состанокот со лидерите на парламентарните партии во Франција.

— реклама —

Макрон оцени дека се менува и природата на руската агресија, при што како примери ги посочи нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на соседни земји, како и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг.

— реклама —

„Во последните недели се зголеми заканата со која се соочуваат Европа и Франција, а тоа особено се однесува на руските хибридни закани“, изјави Макрон.

— реклама —

Германија претходно ја обвини Русија за обид за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, што се случил во август.

Во меѓувреме, минатиот викенд беше регистриран и безбедносен инцидент во Украина. Руски дрон погодил воз што се движел непосредно зад колоната во која патувал поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 2 седмици

makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 седмици

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања