Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Макрон го паузираше формирањето Влада поради Олимпијадата: Постои безбедносен предизвик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
makron

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во вторникот вечерта, три дена пред официјалното отворање на Летните олимписки игри во Париз, дека тие ќе бидат единствени и дека „сите ќе видат од петок навечер зошто сето тоа вредело“.

— реклама —

„Постои безбедносен предизвик и таков е за сите главни градови кои ги организираат Игрите. Така е и за оваа церемонија на отворање“, рече Макрон во интервју за францускиот јавен телевизиски сервис Франс 2.

— реклама —

Макрон додаде дека „сите треба да се здружат околу Франција која го поздравува светот“.

— реклама —

Тој во интервјуто вели и дека нема да именува нов премиер пред крајот на Игрите во средината на август, бидејќи тоа ќе „создаде конфузија“ за време на светскиот спортски натпревар.

— реклама —

„Очигледно треба да бидеме фокусирани на Игрите до средината на август. И тогаш моја одговорност ќе биде да го назначам премиерот и да му ја доверам задачата да формира влада и да има најширока поддршка што ќе и овозможи да дејствува и да има стабилност“, рече Макрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0e1skaa2ovof0ALjaXc

„Сега е вистинскиот момент“: Макрон бара Украина повторно да се разгледува како можна членка на НАТО

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryopp1pjvgsu4keDwEzs9

Макрон: Путин не сака преговори, Европа мора да продолжи да ѝ помага на Украина

Свет | пред 1 седмица

makron

Брижит и Емануел Макрон повторно бараат одговорност од Кендис Овенс

Свет | пред 1 седмица

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања