Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Максим со поддршка од ДУИ му намести бонбона ДУП на својот кум, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Главниот архитект на урбаната мафија во Куманово, Максим Димитриевски, го остави својот најскандалозен детален урбанистички план (ДУП) за крајот на мандатот, очигледно, стравувајќи дека нема да има шанса да го протурка по истекот на функцијата“, велат од Левица и додаваат:

„Станува збор за ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“, каде што клучната парцела (првично во сопственост на татко му и братучед му на градоначалникот Димитриевски), преку низа трансакции преминува кај неговиот кум, а на крај завршува во рацете на „Лидл“, по неверојатна цена од 600.000 евра. Цената во големи размери ја надминува реалната пазарна вредност за земјиште од трета категорија, што отвора сериозни сомнежи за класична коруптивна зделка.

— реклама —

Процедурата во Советот на Општината беше исто толку контроверзна. Пред две недели, ДУП-от првично беше ставен на дневен ред, а клучниот, одлучувачки глас дојде од советникот на ЗНАМ, Дарко Митевски - брат на кумот на Димитриевски. По јавната реакција и притисокот од кумановската јавност, Димитриевски привремено ја повлекува точката, наводно за да си ги „испере рацете“. Но, на наредната седница, ДУП-от повторно е ставен на гласање, овој пат без присуство на Митевски, и поминува со поддршка од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и, клучно, со пресудните 4 гласа од ДУИ.

— реклама —

Ова сценарио јасно ја покажува веќе проверената шема: кога треба да се изгласа криминал, ЗНАМ, ДПМНЕ, Вреди и ДУИ делуваат како една иста власт. Иако декларативно од различни табори - тие веќе четврта година заеднички ја држат под контрола Општина Куманово и ги спроведуваат своите договорени зделки на штета на јавниот интерес.

— реклама —

Левица најостро се спротивставува на овој скандалозен ДУП и алармира до Обвинителството итно да отвори постапка за испитување на целата зделка - од трансакциите со земјиштето, до можни сомнителни приливи на сметките на советниците на ДУИ и останатите замешани страни“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања