Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Малолетници послужени со алкохол во Велес, ќе следуваат пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
zabava-2

Во акциска контрола спроведена во Велес, полициски службеници затекнале малолетници во угостителски објект по полноќ, при што на дел од нив им бил послужен алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Контролата била извршена во периодот од 23:00 до 01:00 часот, ноќта меѓу 14 и 15 февруари 2026 година, од страна на полициски службеници од СВР Велес, во три угостителски објекти. Акцијата била насочена кон утврдување на присуство на малолетници во објекти по 24:00 часот, како и кон евентуално точење алкохол на лица под законски дозволената возраст.

— реклама —
— реклама —

Во еден од контролираните објекти биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол, додека на уште пет малолетници им било овозможено присуство во објектот по полноќ.

— реклама —

Со вработена во угостителскиот објект бил извршен службен разговор, а малолетните лица биле предадени на нивните родители. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење

Македонија | пред 4 часа

avtopat

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Македонија | пред 9 часа

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања