Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Малолетник со два ножа нападна жандарм пред израелската амбасада во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-library8k3o7k1ql4ip6YRCPKq

Србија го подигна нивото на терористичка закана на највисоко, „црвено“ ниво по нападот врз припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Напаѓачот бил убиен при интервенцијата на полицискиот службеник, кој се здобил со полесна повреда на лицето.

— реклама —

Според српскиот министер за внатрешни работи во технички мандат, Ивица Дачиќ, нападот се случил 15 минути по полноќ, кога малолетник, за кого постои сомневање дека е од Шабац, го нападнал жандармот со два ножа, извикувајќи „Алаху Акбар“.

Дачиќ изјави дека безбедносните служби претходно го следеле напаѓачот и дека, според досегашните сознанија, тој бил поддржувач на „Исламската држава“. На неговиот профил на Инстаграм, наводно, имало црно знаме и амблем на организацијата.

— реклама —

По нападот, наредени се засилени безбедносни проверки и поголемо полициско присуство на локации од посебно значење, вклучително и инфраструктурни објекти и места каде што се собираат голем број граѓани.

— реклама —

Дачиќ соопшти дека го посетил повредениот припадник на Жандармеријата заедно со директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ. Според него, жандармот е во добра состојба и се очекува да биде отпуштен од болница во текот на денот. Истрагата за нападот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryasi9t9tfmd2pdqCrOXe

Кривични пријави против српски амбасадори и шефот на дипломатијата поради изборни неправилности

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryn6tm7ours0jbfSA9czW

Директорката на РТС одбива да поднесе оставка и покрај притисоците од вработените

Свет | пред 14 часа

media-libraryo8a8h5m8jm8t5d1wy6V

„Имате 48 часа да поднесете оставки“: Седум филмски здруженија бараат смена на раководството на Филмскиот центар на Србија

Свет | пред 14 часа

media-libraryu3ddvorpbhuh2I0dMY3

(Видео) Граѓани влегоа во редакцијата на „Информер“, Вучиќевиќ повика полиција: „Ќе убијат некого, во зградата има деца!“

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања