„Мамо ај држиме да ојме до вонка да си поиграм“ и „Тато, и јас ќе доам на опа-ихата да играм со дадичките, биве ли“ – овие детски желби се секојдневие за малата Ника, но и потсетник за нејзината борба.
Нејзините родители, Катерина и Александар Роглев, упатија јавен апел за помош, барајќи поддршка за операција во Турција која може значително да го подобри нејзиниот квалитет на живот.
Станува збор за селективна дорзална ризотомија – неврохируршка интервенција која се применува кај деца со церебрална парализа, со цел да се намали мускулната вкочанетост и да се олесни движењето.
„Потребни ни се дополнителни финансиски средства за операционен зафат во Турција, на кој се одлучивме со тешко срце“, велат родителите.
Тие појаснуваат дека операцијата не ја лекува основната состојба, но може да помогне Ника полесно да се движи, да има помалку болки и грчеви и да стане посамостојна.
„Секоја донација, без разлика на нејзиниот износ, значително придонесува кон обезбедување на неопходната грижа“, додаваат тие.
Освен самиот оперативен зафат, семејството се соочува и со дополнителни трошоци за испитувања, патување, сместување и рехабилитација, кои не се вклучени во првичната про-фактура.
Тие апелираат, граѓаните кои се во можност можат да помогнат со донација на следните сметки:
За донации од Македонија:
Александар Роглев
Број на сметка: 500800019687689
Алта Банка АД Битола
Со назнака: Донација за Ника
За донации од странство:
IBAN: MK07500080013905943
SWIFT: STBBMK22
Алта Банка АД Битола
Семејството апелира и до сите кои не се во можност финансиски да помогнат, барем да ја споделат приказната, со надеж дека Ника ќе добие шанса за полесен и посамостоен живот.