Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Филипче ја прифаќа бугарската рамка, прво уставни измени, потоа отворање на идентитетските прашања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library9oo83r125ou59LWsB2O

Венко Филипче е подготвен да ги жртвува македонските национални интереси заради политичка моќ и доаѓање на власт, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

На прес-конференција, Манасиевски оцени дека лидерот на СДСМ ги прифаќа бугарските позиции во однос на евроинтегративниот процес и уставните измени, наместо да ги брани македонските национални интереси.

— реклама —

„Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет, туку прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба“, рече Манасиевски.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче ги усогласува своите ставови со официјална Софија и дека бугарските барања ги претставува како европски услови.

Манасиевски во своето обраќање ги спомена и ставовите на Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, како и на бугарската министерка Петрова-Чамова, тврдејќи дека постои совпаѓање во реториката околу односите меѓу Македонија, Бугарија и Европската Унија.

— реклама —

„Вистината е дека токму Бугарија со години ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, а наместо да ги бранат македонските позиции, одредени политичари прифаќаат туѓи диктати на штета на државата“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат, како што наведоа, „обезличување на македонскиот идентитет“ и дека историските личности и националните прашања не смеат да бидат предмет на политички договори.

Од СДСМ засега нема реакција на обвинувањата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања