Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 минути -

Македонија
media-library88us3ia4sfj3551qHrH

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција побара од надлежните институции да го испитаат потеклото на средствата со кои се гради објект во скопската населба Влае, за кој тврди дека е во сопственост на Еролд Муслиу, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање.

— реклама —

Манасиевски изјави дека поранешниот претседател Стево Пендаровски признал оти објектот му припаѓа на негов близок соработник. Муслиу, како што посочи Манасиевски, бил назначен на функцијата директор од Пендаровски.

Од ВМРО-ДПМНЕ поставуваат прашања за потеклото на средствата вложени во изградбата, оценувајќи дека треба да се утврди дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат капиталот и дали постои евентуален судир на интереси.

— реклама —

„Од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае?“, праша Манасиевски, повикувајќи на транспарентност и објавување на потребната документација.

— реклама —

Тој упати повик до Јавното обвинителство да постапи по допрен глас и да го истражи случајот, како и до надлежните институции да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси.

Манасиевски изнесе и политички обвинувања за СДСМ и нејзините поранешни функционери, тврдејќи дека по заминувањето од функциите започнале бизниси и градежни активности.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања