Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски по кривичната пријава од СДСМ: „Наместо одговор, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhh1lcbl0a2blb00dPL3

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагираше откако СДСМ денеска поднесе кривична пријава против него, тврдејќи дека партијата наместо да одговори на изнесените информации, се фокусирала на начинот на кој тие биле обезбедени.

— реклама —

Манасиевски посочува дека СДСМ, според него, не ги демантирало информациите што ги објавил за лицата кои партијата ги претставувала како „млади активисти“.

Тој тврди дека информациите ги добил од лица кои ги опишува како свиркачи од СДСМ и нагласува дека како партиски портпарол нема пристап до полициски системи и не побарал од ниту едно службено лице да прекрши закон.

— реклама —

„Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите“, вели Манасиевски, прашувајќи зошто СДСМ не ги демантира фактите што ги објавил.

— реклама —

Тој воедно ги отфрла обвинувањата дека имал пристап до полициски податоци и повторува дека неговата улога е, како што вели, да го штити јавниот интерес.

Манасиевски оценува дека кривичната пријава нема да го спречи да продолжи со јавно изнесување информации за кои смета дека граѓаните треба да знаат.

„Кривична пријава не е пресуда. А мене кривични пријави нема да ме замолчат да ја говорам вистината“, порача тој.

media-librarygsc62011ntrofFuoaOK

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 дена

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања