Промени тема
Контакт

МАНУ одржа редовно годишно собрание: усвоени програма и финансиски планови за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
manu

Денес во Свечената сала на МАНУ, се одржа Редовното годишно собрание на МАНУ, во чии рамки, традиционално, се дава отчет за сработеното и се донесуваат базичните документи за работа на МАНУ.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

На седницата, акад. Живко Попов, претседател на МАНУ, поднесе опсежно и содржајно експозе во духот на актуелниот институционален и општествен контекст, а акад. Александар Димовски, секретар на МАНУ, имаше јасно структурирано и аргументирано излагање за финансискиот извештај на МАНУ за 2025 година и за финансиските планови на МАНУ во 2026 година.

На седницата беа донесени: Програмата за работа на Македонската академија на науките и уметностите во 2026 година, годишните сметки на МАНУ за 2025 година по одделни сметки и финансиските планови на МАНУ за 2026 година по одделни сметки, а беше усвоен и Извештајот за работата на Македонската академија на науките и уметностите во 2025 година.

Редовното годишно собрание и оваа година беше проследено со голем интерес од владините претставници, претставниците на локалната самоуправа, верските претставници, претставниците на дипломатскиот кор и од претставници од научноистражувачката и уметничката сфера, како и од пошироката јавност, со што повторно може да се констатира дека дејствувањето на најистакнатата и највисока стожерна институција во научната и уметничката сфера, од посебно општествено значење за Републиката, и понатаму останува во фокусот на општествените случувања“, информираат од МАНУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Документ на МАНУ на сајтот на американската Национална библиотека за медицина: како мозоци од Македонија станаа дел од светската психијатриска наука

Свет | пред 8 месеци

— реклама —
manu

МАНУ е единствената институција која ја обединува научната мисла, критериум за членство не може да биде етничка или политичка припадност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања