Промени тема
Контакт

Маргини: Мицкоски како да страда од Пинокио-синдром, користи демографија за дефокус и релативизирање на дневните трагедии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-07-03-at-12.55.29

Коалицијата Маргини ја осудува вчерашнат изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека е време за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат.

Според нив, ова е редефинирање на државата како биополитички проект, во кој државноста се мери преку способноста да се дисциплинира телото, да се контролира приватноста и да се одреди кој живот вреди.

„Наместо признание на одговорност, добиваме најава на морален императив, што репродуцира политички цинизам и наводна загриженост што го продолжува насилството врз сите што не се вклопуваат во моделот на добрата држава. За да го наметне падот на наталитетот како најголема закана, Мицкоски ја користи демографијата како алатка за дефокус и релативизирање на дневните трагедии, додека жртвите, болката и гневот што го одбележуваат нашето секојдневие ги сведува на драматични вести што го вознемируваат неговото премиерско спокојство.

Во земја каде што една третина од жените се невработени, каде жени умираат при породување и нивните органи се крадат, каде самохраните мајки се оставени без поддршка, каде ЛГБТИ луѓето, како и сите што живеат надвор од хетеронормативниот модел, немаат ниту елементарно признание и правна можност за градење заедници, каде што сиромаштијата е структурна состојба, а пристапот до труд селективен, исклучувачки и непредвидлив, да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.

Најавите за даночни санкции за немажени и неженети лица, е познат механизам за статистичко бришење на сиромаштијата и за казнување на оние што не се вклопуваат. Ако животот е прескап, одговорот не е да се смени формулата што го покажува тоа, туку да се промени состојбата што го предизвикува.

— реклама —

Мицкоски нуди логика во која сиромаштијата и животот надвор од конзервативниот фетиш за нуклеарното семејство се повод за вина, поради која овие луѓе треба да се покорат или прилагодат – во име на апстрактен морал што ги негира нивните конкретни животи.

Самохраните родител(к)и, лезбејките, геј луѓето, транс лицата, сите вонбрачни, нерегистрирани, непризнати, невидливи форми на живот во ваквата визија избришани од политичката замисла што признава само еден модел: бракот како доказ за нормалност, мајчинството како услов за признание, и семејството како алатка на државна репродукција. Во оваа примарно фашистичка, и подоцна општо авторитарна политика, жената не постои надвор од улогата на мајка, а детето не постои ако е родено надвор од бракот.

— реклама —

Кога дури и официјалните податоци покажуваат дека масовната миграција е резултат на долгорочна економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс – состојби што актуелната власт не само што не ги решила, туку активно ги одржува, премиерот бесрамно тврди дека ќе живееме со повеќе срце ако се мажиме, раѓаме и се враќаме дома. Во држава каде што срцевите заболувања се водечка причина за смрт, каде што загадениот воздух го прави секое вдишување ризик, каде што здравствениот систем е нефункционален, а телото се третира како трошок, апелот на Мицкоски не звучи како повик на живот, туку како замаглување на неправдата што го одбива истиот тој живот.

Уште повеќе, тој зборува и како да не е премиер. Како да не е политички наследник на практики што ни ја цементирале сегашната демографската криза. Како да страда од Пинокио-синдром, Мицкоски се претставува како некој кој дури сега, конечно се освестува и станува вистинско момче, па и ја презема државата во свои раце, како досега да немал никаква улога и одговорност.

Со овој јазичен маневар прави целен обид за бришење на политичката одговорност и за претставување на веќе постојната состојба како нешто што тукушто почнува и што допрва треба да се решава, со што е јасно дека нема никаква намера вистински да се погрижи за проблемот.

— реклама —

Оттука, повеќе од јасно е дека луѓето не заминуваат затоа што се откажале од потребата да создаваат заедници и семејства, туку затоа што државата одамна се откажала од нив.

Поврзувањето на достоинственото живеење со послушноста кон бракот и репродукцијата не е политичка визија, туку биоморален диктат што ја префрла вината врз поединецот и ги поништува условите што државата одбива да ги гарантира“, велат од коалицијата Маргини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања