„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Маричиќ негира дека тој продал државна парцела на Анѓушев, но не негира дека ја продала Владата на седница која тој ја водел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
maricic-1

Поранешниот вицепремиер за евроспки прашања, Бојан Маричиќ негира дека продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици. Но не негира дека парцела била продадена со одлука на Влада, на седница со која тој раководел.

— реклама —

„Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас “сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици”.

Еве ги фактите:

— реклама —

Јас, ниту како министер за правда, ниту како вицепремиер за европски интеграции никогаш не сум имал надлежности за оттуѓување државно земјиште.

Се злоупотребува тоа што јас сум претседавал со одредена седница на Влада, по налог на премиерот, на која седница оваа точка била на дневен ред.

Одлуките од овој карактер задолжително се носат со мнозинство гласови, како колективни одлуки на владата, но исклучиво после добиено позитивно мислење од сита надлежни институции.

Во овој случај, како што веќе известија медиумите, претходно позитивно мислење дале сите релевантни институции, а особено важно е што Националниот конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство дале мислења дека нема културно наследство што е загрозено со отуѓување на оваа парцела.

Во вакви случаеви, оној кој претседава со седница на Влада има обврска да ја стави точката на дневен ред и да побара мислење од Владата.

Заклучок: Левица тера лажна пропаганда, Владата донела одлука врз основа на претходни позитивни мислења од сите засегнати институции, а јас како вицепремиер само сум ја водел таа седница на Влада, по налог на премиерот кој бил оправдано отсутен“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3918

(Видео) Маричиќ стана вирален со реакцијата, а јавно призна дека СДСМ остава напластени проблеми за решавање

Македонија | пред 1 година

IMG_3509

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така ќе растат пензиите

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Владина делегација положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на депортираните македонски Евреи и на паднатите борци во НОБ

Македонија | пред 1 година

fasdafbhads

Османи ќе си користи приватно возило, но не и Маричиќ: можеби е законски, но дали е во ред од морален аспект

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања