Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ убедува дека СДСМ има народна поддршка за нов мандат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kovacevski-maricic-bujar

„Вчера уште еднаш бевме сведоци на лажните пропаганди и напумпани анкети на ДПМНЕ, дека тие биле непобедливи, дека имаат не знам каков рејтинг, дека наспроти СДСМ е 2-1, 3-1. Но, вчера видовме дека тоа воопшто нема врска со реалноста. Се докажа дека нивните анкети, напумпани и лажни, служат како пропаганден инструмент за храбрење на нивните гласачи. СДСМ вчера покажа една организациона супериорност бидејќи во исто време организиравме и 8- мартовски марш на Форумот на жени во Кавадарци, каде што имаше над 6.000 луѓе, и во исто време собиравме потписи, за неколку часа се собраа преку 22.000, а вечерта имавме конгрес каде ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски за втор мандат“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на гостувањето во утринската емисија на Слободен печат.

— реклама —

„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека е видлива разликата меѓу Стево Пендаровски, кој покажа дека е претседател на сите граѓани, без ниту една дамка или афера за време на својот мандат, наспроти Силјановска, која е следбеник на Ѓорѓе Иванов со кој тонеше државата 11 години.

— реклама —

“ДПМНЕ ја предлага Силјановска, која е наследник на политиките на Иванов, за кој веќе не можеме и да ги доброиме гафовите. Таа објави дека ќе потпишела амнестија за насилниците од 27. април, таа беше потписник за кандидатурата на Иванов и е продолжител на неговите ликот и дело, за кој никој од нас не сакаме да се повтори“, рече Маричиќ.

— реклама —

Маричиќ потенцираше дека многу е важно политиката на ДПМНЕ која е безидејна да биде поразена. Затоа има разлика помеѓу Пендаровски и Силјановска и има разлика помеѓу политиките што нуди СДСМ.

-Ние нудиме одговорна политика која што им кажува на граѓаните и нешто што на прв поглед не им се допаѓа, но не ги лажеме граѓаните. Сакаме да им кажеме како стојат работите навистина. Денеска нашата држава е ценет член на меѓународната заедница, ценета членка на НАТО, ценет кандидат за членка на ЕУ. Имаме отворени врати секаде во сите политички семејства и имаме стратешко партнерство со САД кое функционира на дело. Ако влеземе во замката на ДПМНЕ, дека можеме и треба да преговараме во нови услови кои што знаеме дека однапред нема да се реални за преговарање, тогаш ќе се доведеме до една ситуација, како со Грција во 2008. Сите беа на наша страна кога го добивме ветото за НАТО, а со тек на време се помалку имавме поддржувачи бидејќи тогаш нашата политика беше градење на непријателство и тензии со сите соседи наместо градење на пријателство и решавање на проблемите. Доколку водиме одговорна и отворена политика граѓаните ќе ја ценат повеќе отколку да ги лажеме како ДПМНЕ што ги лаже граѓаните дека ќе го врати името.“, рече Маричиќ.

— реклама —

Заблудите на ДПМНЕ скапо сме ги платиле во минатото и ако зборуваме веќе за вистинска љубов кон својот народ и татковината треба да бидеме искрени кон својот народ и татковината и да кажеме дека со заблуди и со лажни планови нема да ги донесеме нашите граѓани на подобро место. Напротив, нема подобра точка од оваа на која што сме сега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања