Промени тема
Контакт

Марихуана во Скопје, прашкаста материја во Велес и бела грутчеста материја во Кавадарци – 11 лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY
ФБ

Единаесет лица биле лишени од слобода во Скопје, Велес и Кавадарци во текот на 14 и 15 октомври, откако полицијата при прегледи и контрола на возило кај нив пронашла и одзела различни материи за кои постои сомнение дека се дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н. (45), Д.Б. (44), А.З. (30), М.И. (20) и Т.С. (24), сите од Скопје, како и Б.Б. (24) од Велес, Д.Г. (18) од Злетово и К.А. (22), кој престојувал во Скопје. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

— реклама —

Во Велес, на 14 октомври во 11:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А. (45) од градот, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Приведувања имало и во Кавадарци. На 14 октомври, во 23:50 часот, на улицата „Цветан Димов“, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д. (21) од Кавадарци и Љ.С. (23) од Росоман.

— реклама —

При контролата на патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое се превезувал и Љ.С., била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Две возила изгореле во пожар во Ѓорче Петров

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Дал 2.000 евра за документи за престој и работа во странство, па останал и без пари и без работа

Македонија | пред 1 час

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Целосно изгоре „мерцедес“ во Аеродром, огнот зафатил и друго возило

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања