Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Марихуана и прашкасти материи пронајдени во Скопје, Тетово и Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Во повеќе одвоени акции спроведени од полициските служби низ државата, приведени се неколку лица поради поседување и трговија со наркотични супстанци, а запленети се марихуана и прашкасти материи.

— реклама —

Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.П. (22) од Скопје и К.Т. (32), државјанин на Германија, откако кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

— реклама —

СВР Штип, пак, поднесе кривична пријава против Ш.И. (55) од Штип поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. Според полицијата, во декември 2025 година тој во својот дом на две лица им овозможил користење марихуана, а при претрес кај него била пронајдена и дополнителна количина од дрогата.

Во Тетово, на улицата „Видое Смилевски-Бато“, бил приведен Е.С. (21) од село Желино, кај кого биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица до расчистување на случајот.

— реклама —

Полициски службеници од СВР Битола, пак, во паркот „Стив Наумов“ го лишиле од слобода Н.Ш. (30) од Битола, откако кај него била пронајдена и одземена марихуана.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања