Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Масакр во Судан: најмалку 30 загинати во напад со дрон врз камп за раселени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarycc449e30sbv8cQlto0Y

Најмалку 30 лица загинаа во напад со дрон извршен од суданските паравоени Сили за брза поддршка (RSF) врз камп за раселени лица во опколениот град Ел Фашер, на западот на Судан, соопшти локалната активистичка група Одбор на отпорот за Ел Фашер.

Во соопштението се наведува дека паравоената група ја погодила областа Дар ал-Аркам, центар за раселени лица кој се наоѓа во рамките на универзитетски кампус, пренесува лондонскиот весник Гардијан.

— реклама —

Телата на загинатите останаа заробени под урнатините. Ова е вистински масакр. Деца, жени и постари лица се убиени ладнокрвно, а многумина се целосно изгорени. Ситуацијата во градот е катастрофална – во тек е геноцид, а светот сè уште молчи, се наведува во изјавата на активистите, кои упатија повик до меѓународната заедница итно да реагира.

Од април 2023 година, паравоената група RSF води жестоки борби против Суданските вооружени сили, а нејзините милитанти веќе повеќе од 500 дена го држат под опсада градот Ел Фашер, во кој живеат околу 400.000 луѓе.

— реклама —

Обединетите нации го опишаа суданскиот конфликт како една од најтешките хуманитарни кризи на 21 век. Според нивните податоци, досега се убиени повеќе од 150.000 лица, а над 14 милиони се раселени. Речиси 25 милиони жители на Судан се соочуваат со акутен недостиг од храна и хуманитарна помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd5oo9h512ufc9Kv4uio

Се урна авион во Јужен Судан: Нема преживеани

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-librarycc2ci765q3v9eKnNf1t

Четири години војна во Судан: борби, глад и масовни злосторства

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh7efve6m7iocbHsQFnW

Масакр во Судан: Напад на болница однесе 64 животи, меѓу нив и деца

Свет | пред 1 месец

media-libraryh7efve6m7iocbHsQFnW

(Видео) Напад со дрон врз училиште и здравствен центар во Судан: Најмалку 17 загинати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања