Маск: Америка треба да се повлече од НАТО и ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Милионерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации и НАТО.

— реклама —

Маск одговори на објавата на поддржувач на Трамп на X кој напиша: „Време е да ги напуштиме ОН и НАТО“. Маск одговорил: „Се согласувам“.

— реклама —

Оваа најава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за прекин на огнот. Трамп и претходно најави и презеде одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантскиот сојуз и мултилатерализмот не му значат многу.

Администрацијата на Трамп наместо тоа се фокусира на билатералните односи, на затоплување на односите со Русија, а потоа сака да го пренасочи својот фокус на ривалството со Кина. Но, напуштањето на ОН би било потег без преседан со несогледливи последици за меѓународниот поредок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања