Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Масовност на протестот на студнетите бараат опозициски политичари како Села, убедува преку тезата “албанскиот јазик да е рамноправен”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
sela-vo-pretres-3

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со порака за поддршка на денешниот протест на студентите поврзан со албанскиот јазик, оценувајќи дека борбата за неговата рамноправност мора да продолжи.

Во објава на социјалните мрежи, Села вели дека често слуша ставови дека повеќе не треба да се отвора прашањето за албанскиот јазик, но според него тоа е „наметната и опасна теза“.

— реклама —

„До кога ќе се занимаваме со албанскиот јазик?“, прашува Села, по што одговара:

„До кога јазикот што се зборува на оваа земја повеќе од 8.000 години не биде целосно рамноправен со јазикот што дошол подоцна на оваа територија.“

Тој додава дека и кога ќе се постигне целосна еднаквост, борбата нема да запре.

— реклама —

„И потоа ќе се занимаваме со него, затоа што е наш, затоа што мислиме, сонуваме и ја градиме иднината на нашиот јазик“, наведува Села.

Во пораката, тој посочува дека јазикот е дел од идентитетот и дека неговото губење значи асимилација.

— реклама —

„Кога ќе го изгубиш, повеќе не постоиш, асимилиран си“, пишува Села.

Тој денешниот датум – 18 мај – го нарекува ден кога „нова генерација ја презема каузата за заштита на албанскиот јазик“, обвинувајќи дека претходно јазикот бил користен за политичка трговија.

„Не за да се тргува со него, не за да се менува за власт“, наведува лидерот на Алијанса за Албанците.

— реклама —

На крајот, Села повика на поддршка за студентските протести.

„Во поддршка на албанскиот јазик, излезете и протестирајте заедно со студентите“, порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 21 минута

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Македонија | пред 2 дена

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 4 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања