„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Матните и бистрите настани во јули според Транспаренси: Обвинението за Димитровска, Извештајот на ЕК за Македонија...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
transparensi-inter

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави месечниот извештај за најматни и најбистри настани во земјата за месец јули, во кој највисоко на листата на сомнителни случувања се најде обвинението против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

— реклама —

Според организацијата, Димитровска се соочува со сериозни обвинувања за злоупотреба на службена положба и оддавање службени тајни. Таа, според Обвинителството, незаконски изнесувала и фотографирала документи поврзани со набавки на адитиви во енергетскиот сектор, меѓу кои и податоци за обвинетиот Небојша Стојановиќ во предметот „Адитив“. Исто така, било откриено дека Димитровска и уште еден државен службеник – ревизор – нелегално пристапиле до системот за класифицирани информации. Ревизорот, користејќи нејзини кодови, присуствувал на обуки и полагал тестови во нејзино име за да се стекне со безбедносен сертификат „државна тајна“.

Други „матни“ настани, според извештајот, вклучуваат:

— реклама —

Годишниот извештај на Европската комисија за владеење на правото во Македонија, во кој се нотира загриженост за мешање на извршната власт во судството, слабости во антикорупциските реформи, политизирано разрешување на главниот обвинител и нарушување на поделбата на власта.

Раскриена криминална мрежа поврзана со злоупотреба на системот за инвалидски пензии и туѓа нега, во која се вмешани лекари, адвокати и службеници. Осомничените, делувајќи преку две криминални групи, овозможувале незаконско стекнување на права за надоместоци, за што наплатувале од 150 до 5.000 евра.

Сериозни слабости во работењето на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како што се отсуство на интегрирани ИТ-системи, недоволни контроли и ризик од неправилно користење на јавни средства, нотирани во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Финансиски и системски неправилности кај Државното правобранителство, вклучително и нетранспарентни јавни набавки, нерегулирани договори на дело и нејасни процедури за оценка на вработените.

ЈП за стопанисување со спортски објекти, кое формално не постои од 2017 година, но сѐ уште функционира, без ажурирани пописи и со изгубена или одземена документација.

Недоволен буџет за здравство и застој во изградбата на клинички центри, според ревизорскиот извештај за 2023 година. Дваесет и три програми се реализирале со недоволни средства, што довело до слаба ликвидност на јавните здравствени установи и недостиг од лекови.

Ревизија на Основен суд Прилеп, која укажува на несоодветна евиденција, одсуство на внатрешна ревизија и недефинирани платни правила.

Случај со заменик директор на Институтот за сточарство и рибарство при УКИМ, за кој ДКСК утврди судир на интереси, поради деловни релации со фирма во која сопственик е неговата сопруга.

„Бистри“ настани

Во позитивниот дел од извештајот, Транспаренси Интернешнл издвојува:

Апсењето на очна докторка во Клиничката болница во Битола, откако од пациент примила пари за лекарска услуга. Министерството за здравство најави дисциплинска постапка и ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности преку платформата „Пријави неправилност“.

Обвинение против директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој, според ОЈО за гонење организиран криминал, побарал 20.000 евра за прием на пациент во тешка здравствена состојба.

Обвинение за злоупотреба на службена положба против поранешен в.д. претседател на СУНРСМ, кој, според Обвинителството, со пропусти во работењето нанел значителна штета на буџетот на институцијата.

Новина на веб-страницата на Министерството за здравство, каде граѓаните отсега ќе можат анонимно да пријавуваат неправилности во здравствениот систем, со можност за контакт доколку е потребна дополнителна информација. Податоците од пријавите ќе се објавуваат месечно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања