Промени тема
Контакт

„Ме запреа кај Апелација и ми рекоа дека многу зборувам против Албанците“, Мухамеди објави дека добива закани поради своите ставови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryohu5gvi0kmu6cG6nUYw

Адвокатот Умејр Мухамеди тврди дека денеска околу пладне бил запрен и вербално нападнат од лице во автомобил додека се движел пеш по булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Апелациониот суд во Скопје.

Според неговата објава, возило „Голф“ му свирнало, по што едно од лицата во автомобилот го отворило прозорецот и му дофрлило дека „многу зборува против Албанците на Фејсбук“, повикувајќи го да дојде до нив.

Мухамеди вели дека ова не е првпат да добива навреди и закани поради своите јавно изнесени ставови.

„Да може некој среде центар на град да те застанува само бидејќи зборуваш дека сите етнички заедници треба да го почитуваат знамето на државата, тоа го има само кај нас“, напиша Мухамеди.

— реклама —
— реклама —


Тој во објавата ја поврзува ваквата атмосфера со политичките состојби во земјава и оценува дека дел од политичарите дозволиле јавниот простор да стане место за притисоци и закани кон луѓе со различни ставови.

„Во нормална држава еден уличар не би се осмелил в лице да те гледа, а не да те застанува и да ти се заканува“, наведува Мухамеди.

— реклама —

Адвокатот притоа упати и политички критики кон поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот премиер Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги дека придонеле за атмосфера во која, според него, се толерира вакво однесување.

Во објавата не се наведува дали настанот е пријавен во полицијата, ниту дали лицата кои наводно го запреле се идентификувани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb313ksprs4pq1pbSr47

Мухамеди: Во Албанија има реакции за игнорирање на знамето и химната, а во Македонија истото не се почитува

Коментари | пред 3 седмици

— реклама —
media-library4hder31qeu8kc2vpjFL

Адвокатот Мухамеди со тешки обвинувања за Меџити: Како Груби е во притвор, а тој е на слобода?

Македонија | пред 1 месец

media-libraryohu5gvi0kmu6cG6nUYw

„Цело време им зборувам да не носат знамиња на Албанија, туку на Македонија“, вели Мухамеди откако албанските власти забранија влез на Валон Беља и Бекир Халими

Македонија | пред 1 месец

media-libraryak0gmu0ghj8gdY9PhNm

„Не може од едната страна на Вардар да се издаваат фискални сметки, а од другата ваква пресметка“, реагира Мухамеди

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања