Промени тема
Контакт

„Не може од едната страна на Вардар да се издаваат фискални сметки, а од другата ваква пресметка“, реагира Мухамеди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryak0gmu0ghj8gdY9PhNm

Адвокатот Умејр Мухамеди преку објава на социјалните мрежи тврди дека при посета на угостителски објект во Старата скопска чаршија не добил фискална сметка, иако ја побарал, туку му била доставена рачно напишана пресметка.

Во објавата тој наведува дека ваквата практика, според него, е незаконска и навредлива кон потрошувачите, оценувајќи дека не треба да се дозволува различна примена на законските обврски.

„Не може од едната страна на Вардар да се издаваат фискални сметки, а од другата страна да се добива ваква пресметка“, напиша Мухамеди.

— реклама —

Тој додава дека во Старата скопска чаршија има и угостителски објекти што редовно издаваат фискални сметки, поради што, според него, не е фер кон оние што работат согласно прописите да се толерираат вакви практики.

— реклама —
media-librarybo6gg9kjak4ubo0whfl

Во следна објава, Мухамеди се осврна и на реакциите што ги добил на социјалните мрежи. Тој наведе дека дел од коментарите ја релативизирале важноста на фискалната сметка, додека други, како што тврди, содржеле лични навреди и обвинувања поврзани со етничка припадност.

На крајот од објавата, адвокатот оцени дека е потребно доследно почитување на законите и поефикасно функционирање на институциите.

— реклама —

Тврдењата се изнесени во објави на социјалните мрежи на адвокатот Умејр Мухамеди. Во нив не е содржан став од угостителскиот објект или од надлежните институции.

media-librarymq9hlvu7hefu28sipEo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb313ksprs4pq1pbSr47

Мухамеди: Во Албанија има реакции за игнорирање на знамето и химната, а во Македонија истото не се почитува

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryohu5gvi0kmu6cG6nUYw

„Ме запреа кај Апелација и ми рекоа дека многу зборувам против Албанците“, Мухамеди објави дека добива закани поради своите ставови

Коментари | пред 2 седмици

media-library4hder31qeu8kc2vpjFL

Адвокатот Мухамеди со тешки обвинувања за Меџити: Како Груби е во притвор, а тој е на слобода?

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryohu5gvi0kmu6cG6nUYw

„Цело време им зборувам да не носат знамиња на Албанија, туку на Македонија“, вели Мухамеди откако албанските власти забранија влез на Валон Беља и Бекир Халими

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања