„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Мециновиќ: Борбата на Левица е борба на Давид против Голијат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

„Мило ми е што се гледаме денеска, овде. Немам спремено говор, ама може да се задржиме едно три саати“, со овие зборови го започна својот говор кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на отварање на изборниот штаб на Левица во Центар. Со мотивирачки говор тој зборуваше за текот на кампањата, предизвиците и енергијата која партијата ја вложува во овие избори.

Мециновиќ оцени дека најтешкиот дел од изборната трка, односно почетокот и преткампањата се веќе зад нив. „Сега, кога сме веќе во средиштето на кампањата, темпото е прилагодено и супер ни оди“, рече тој и додаде дека Левица, за разлика од претходните избори, сега знае каде ја трошела енергијата на претходните избори без да добие конкретни резултати и не се расплинува на  неефективни методи.

„Тоа ни го даде искуството и ништо друго. Искуството кое ние сами го создаваме, искуството кое не ни е поклонето ни преку агенции, ни преку фирми за пи ар, ни преку политолошки анализи. Ние тоа го правиме сами, опипувајќи го пулсот на нашиот народ“, рече Мециновиќ. 

Тој борбата на Левица ја спореди со борбата на Давид против Голијат и додаде дека ова што го прават е најголемата политичка борба, во изминатите триесет години во Македонија, во која големите политички играчи ги имаат сите финансиски и државни капацитети на нивна страна. „Во оваа кампања мислам дека ни стана на сите јасно дека го немаат нашиот ум, ја немаат нашата креативност и ја немаат нашата желба за промена, вистинска и реална промена. Многу е убаво чувството за овие избори, затоа што мислам дека го даваме максимумот, а тоа се гледа“.

Мециновиќ сподели и впечатоци од терен нагласувајќи дека граѓаните сега се многу поотворени и понаклонети кон Левица, а според него тоа е и резултат на нивното праламентарно делување, затоа што мандатот што го добиле на најдобар начин го исполнуваат во корист на граѓаните.

„Некој да ни збореше, пред четири години, дека ние сме потенцијален фаворит пред СДСМ за да  влеземе во втор круг во Град Скопје, тоа не би му верувале. Јас мислам дека скопската кампања ќе донесе позитивни резултати за сите скопски општини. Ќе згазиме, секој ден ќе бидеме на терен, помеѓу граѓаните. Вие ќе бидете нови сили во советот. Левица веќе не е партија на јабанџии, ова е партија која ќе го детронизира монополот на ВМРО и СДСМ“, им порача Мециновиќ на кандидатите за советници. 

Ма крајот од говорот потсети дека политиката мора да се заснова на секојдневниот живот на луѓето. „Кога зборуваме за политика ние буквално зборуваме за мајки со колички кои не можат да поминат на тротоари од автомобили, зборуваме за средношколци кои не можат да стигнат навреме на часови, зборуваме за работници кои работат по две работи и кои не можат да стигаат од една до друга“, рече тој и додаде дека политиката мора да продолжат да ја гледаат низ призмата на секојдневието. 

„Да зборуваме за човекот – за секојдневниот скопјанец, за секојдневниот Македонец. Тоа е равенката која ни донесе успех и која никогаш не смееме да ја напуштиме“, заврши Мециновиќ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Македонија | пред 1 седмица

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybue6cv4gibjvdg14SZa

Тројца пратеници ја заменија пратеничката со градоначалничката фотелја

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Политиката е именка од женски род, но има само 4 градоначалнички

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања