Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура“ и да не го потпише указот за двојазични лиценци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mecinovic

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес - конференција го изнесе ставот на пратеничката група на Левица по однос на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова.

— реклама —

- Морам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно и протоколарно и ни даде само флоскули, наместо тоа што, навистина, јавноста сакаше да го чуе после овој трансфер на власта и турбулентно политичко време. Пред сѐ, се чини дека Претседателката е потполно втурната во сенка на извршната власт и мора да се искоментира дека таа во својот професионален ангажман, во својата кариера има докажано дека е врвен професор, беше добар пратеник, но сега е сведена во функција на министерство за култура во сенката на Христијан Мицкоски - потенцираше Мециновиќ.

— реклама —

Според него, коментарите кои ги даде Гордана Сиљановска - Давкова, Претседателката на Република Македонија, повикуваат на некој внатрешен дијалог, на некој консензус во склоп на внатрешната политика.

— реклама —

- За на јавноста да ù биде појасно, Претседателката на Република Македонија повика на консензус помеѓу политичките елити, кои, да потсетиме, го амортизираа незадоволството на граѓаните кое се изрази во 2022 година со протестите за францускиот предлог. Од друга страна, во надворешната политика, тоа што можеме да го заклучиме е дека нема идејност како ќе постапиме понатаму. За тоа што го претставуваат како интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа што повеќето граѓани на Република Македонија го сметаат за свој интерес, а тоа е влегувањето и членувањето во Европската унија, сметаме дека и оваа Влада, и овој Претседател на Републиката, нема да придонесе ништо позитивно и дека во наредните европски извештаи ќе ги гледаме истите оценки за пристапувањето на Македонија кон Европската унија - појасни портпаролот на Левица.

Мециновиќ во име на Левица ја повика Претседателката да не го потпише срамниот указ за двојазични лиценци за градинки, кој вчера го донесе нематична комисија со кршење на Деловникот.

- Ја повикуваме Претседателката на Република Македонија ова да биде прв тест за нејзината државна улога и државнички капацитет, затоа што, да потсетиме, дека таа како пратеник беше еден од најгласните пратеници против илегалната двојазичност! Сметам дека во говорот видовме многу несигурност за државните интереси на Република Македонија, видовме само колонизаторски менталитет – како Македонија е мала, немоќна, како треба да биде исправена пред задачите кои доаѓаат од надвор, без да се покаже кичма и вистинско бранење на интересите на граѓаните - додаде Мециновиќ од Левица.

Тој уште еднаш поентираше дека Претседателката дека ќе остане во сенката на извршната власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања