Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Медведев ги објави сите 7 услови за завршување на војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм ја претстави „руската мировна формула“.

Неговиот план има седум точки, а Медведев вели дека условите се „хумани за сите“.

„Ова може да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, нели?“, вели Медведев. Ова се неговите седум услови. Ги пренесуваме како што ги формулирал самиот Медведев:

1. Украина мора да го признае воениот пораз. Неонацистичката клика мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за создавање паравоени сили на нејзина територија во иднина.

— реклама —

2. Меѓународната заедница мора да го признае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.

3. ОН треба да го објават губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да се приклучува кон воените сојузи без согласност на Русија.

— реклама —

4. Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за да се формира привремен парламент на самоуправната територија.

5. Усвојување на закон за исплата на сите отштети на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите и исплати за штета предизвикана по здравјето на ранетите.

— реклама —

6. Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на актот за повторно обединување со Русија

7. Самораспуштање на привремениот парламент. ОН признавање на чинот на обединување

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Поврзани содржини

Dmitry-Medvedev-2016

Медведев: Русија има предлог за мирно решавање на иранското нуклеарно прашање

Свет | пред 1 месец

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев ѝ се закани на Финска: Сега сте меѓу руските нуклеарни цели

Свет | пред 1 месец

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Туск по заканите на Медведев: НАТО мора сериозно да ги сфати руските пораки

Свет | пред 2 месеци

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев предлага царини на рускиот извоз во Европската Унија

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања