Промени тема
Контакт

Меџити најави национален фестивал на албанската култура „Порта на културата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-libraryb0b2kvn08nci1kGzGYM

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави иницијатива за мега проект во сферата на културата кој, според него, ќе го врати Чаир и Скопје во центарот на културната мапа на Албанците.

Проектот предвидува организирање на Национален фестивал на албанската култура под наслов „Порта на културата“, што треба да обедини музика, театар, филм, литература и ликовна уметност на една сцена.

— реклама —
— реклама —

Меџити во Старата скопска чаршија оствари пријателска средба со светски познатиот тенор Раме Лахај, кому му ја претстави идејата за фестивалот. На средбата биле споделени заеднички визии за унапредување на културната соработка.

— реклама —

Според Меџити, „Порта на културата“ има за цел да прерасне во нова традиција, преку која ќе се промовираат албанските уметници и ќе се поврзат генерациите со уметноста и креативноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryff52eul2gk3p6SgSIG4

Меџити: Продолжуваат работите на улиците „Емин Дураку“, „Дервиш Хима“ и „Парашкеви Ќириази“

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryemfhs4k6mr4m2wASFPs

Таравари поднесе тужба за клевета против Меџити

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryaup1o853gmkr6myJzIi

Ново засилување за „Вреди“: Зибери му се приклучува на Меџити

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryv8qj8pib2lca9tGbDjD

„Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања