Промени тема
Контакт

Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД: Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IM_USA1

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

„Вчера остварив многу плодна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Ја изразив мојата благодарност за непоколебливата поддршка што САД и ја даваат на Северна Македонија, особено во процесот на интеграција во ЕУ.

— реклама —

„Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји и за важноста на понатамошно зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес“, изјави Меџити.

— реклама —

Тој дополнително објасни дека на оваа средба, ја истакнал важноста на неговата улога како министер за животна средина и просторно планирање, особено поради големите еколошки предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат енергетската криза, децениското загадување на воздухот, управувањето со отпадот, обезбедувањето чиста вода и третманот на отпадните води.

— реклама —

„Исто така, ја нагласив важноста на соработката во справувањето со климатската криза и промовирањето на одржливиот развој. Полната посветеност кон политиките што го заштитуваат животната средина е мој приоритет, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, што е неопходен приоритет“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryff52eul2gk3p6SgSIG4

Меџити: Продолжуваат работите на улиците „Емин Дураку“, „Дервиш Хима“ и „Парашкеви Ќириази“

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryemfhs4k6mr4m2wASFPs

Таравари поднесе тужба за клевета против Меџити

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryaup1o853gmkr6myJzIi

Ново засилување за „Вреди“: Зибери му се приклучува на Меџити

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryv8qj8pib2lca9tGbDjD

„Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања