Меџити: ВЛЕН ги исполнува ветувањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6154

,,Едно од нашите предизборни ветувања беше дека ќе ги преземеме сите неопходни чекори за третирање на една од нај негативните општествени појави – коцкањето. ВЛЕН има ПЛАН за справување со штетните последици од коцкањето и истиот почна да се спроведува. Онака како што ветивме. Првиот чекор од овој план е тргнувањето на коцката од домовите.

— реклама —

Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на министрите на ДУИ, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе во домовите и младината стана уште полесна цел на крајно девијантни појави.

— реклама —

Затоа, поднесовме Барање за автентично толкување на член 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри за да добиеме прецизно толкување дали одлуката на претходната Влада и раководството на Државна лотарија за интернет коцкање има законски основ. Автентичното толкување е изгласано од мнозинството пратеници и со него се предвидува дека интернет игри на среќа може да се организираат само врз основа на важечка лиценца.

— реклама —

Земајќи предвид дека сите компании кои во времето на Артан Груби и Прпарим Бајрами учествуваа на јавен повик и беа избрани да организираат интернет коцкање немаат лиценци, тоа значи веднаш и без одлагање ја тргнуваме коцката како општествено зло од домовите на нашите граѓани.

Следната точка од планот за справување со штетните последици од коцкањето е покренување соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службена положба и овластувања на сите надлежни кои учествувале во донесување на незаконити одлуки поврзани со организирање различни видови игри на среќа. Конечно, веќе работиме и во разумен рок Владата ќе му предложи на Собранието нов закон за игри на среќа и забавни игри, кои ќе содржи низа одредби со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за коцкање ќе се намали минимум за половина.

Во рамки на владејачката коалиција има политичка волја овој план да се спроведе во целост.

Преминуваме на дела!”, вели Изет Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn5vn08fjnmjteFcdRQF

Кои се новите министри „птици преселници“ кои беа во ДУИ, па добија нови функции со ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

ВЛЕН: Кризата на доверба во правдата доведе до прекинување на функцијата на јавниот обвинител

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Законот за правична застапеност става крај на децениската политичка измама, вели ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

media-libraryak7ll321etrgc2DT6bX

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, Мухамед Хоџа ќе раководи со животна средина

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања