Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Меѓународната агенција за атомска енергија: Нема индикации дека биле погодени ирански нуклеарни постројки, нема одговор од Техеран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryuleosmpdg6uodNPVo7Q

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) засега нема никакви индикации дека американско-израелските напади погодиле ирански нуклеарни постројки, изјави генералниот директор на агенцијата, Рафаел Гроси.

— реклама —

Немаме никакви индикации дека било која нуклеарна постројка е оштетена или погодена“, рече Гроси во обраќањето пред Управниот одбор на IAEA, составен од 35 држави.

— реклама —

Тој додаде дека се продолжуваат обидите за воспоставување контакт со иранските регулаторни власти за нуклеарна енергија, но без успех.

Обидите за контакт со иранските нуклеарни регулатори продолжуваат, но засега нема одговор. Се надеваме дека овој неопходен канал за комуникација ќе се воспостави што е можно поскоро.

— реклама —

Отворајќи вонредна седница на Управниот одбор за Иран во седиштето на агенцијата во Виена, Гроси оцени дека ситуацијата на Блискиот исток е „многу загрижувачка“ и по американско-израелските напади врз Иран и иранските одмаздни ракетни напади повика на „максимална воздржаност“.

Повторно ги повикувам сите страни да покажат максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација“, рече Гроси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 5 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања