„Меланија“ разнесен од критиката: Документарец со оценка 1,1 и обвинувања за пропаганда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Магазин
media-library93bueevimbas7C4bcsT

Судејќи според реакциите на публиката и критиката, новиот документарен филм „Меланија“ не наиде на ниту трпение ниту разбирање за обидот да ѕирне зад позлатените кулиси на светот на Доналд Трамп. Напротив, приемот е, благо речено, поразителен.

— реклама —

На IMDb филмот моментално има оценка од само 1,1 од 10, додека на Rotten Tomatoes собра едвај 11 проценти позитивни критики, со што веќе се позиционира меѓу најлошо оценетите наслови оваа година.

Британскиот критичар Зан Брукс, во осврт за „Гардијан“, оценува дека од приказната за поранешната манекенка од Словенија можел да се направи квалитетен документарец, но дека „Меланија“ завршила како „деморализирачка, смртоносна и целосно неубедлива“. Според него, филмот мачно и бавно ги води гледачите низ подготовките за втората инаугурација на Доналд Трамп – од проби на фустани и избор на декорации до распоред на маси – и повеќе наликува на „дизајнерска таксидермија“ отколку на вистински документарен филм.

— реклама —

Брукс особено се потсмева на фактот што најголемиот дел од „напрегнатоста“ се сведува на грижите на Меланија дали белата блуза ѝ е преширока и дали треба да се стесни. Кога станува збор за она што навистина би можело да ја интересира публиката – која е таа, што мисли и како изгледа тој свет одвнатре – критичарот вели дека филмот не открива речиси ништо. Неговиот заклучок е суров: два часа гледање делуваат како „чист, бескраен пекол“.

Сличен впечаток има и Ник Хилтон од „Индипендент“. Тој потсетува дека животната приказна на Меланија – патот од Европа до Америка – е „создадена за Холивуд“, но дека филмот едвај се занимава со тоа. Наместо тоа, фокусот е ставен на дваесетина дена пред инаугурацијата и на ситници како дизајнот на масите, деталите на шеширите и слични „проблеми“. Хилтон документарецот го опишува како празен и без содржина, до тој степен што, како што пишува, дури и изразот „нема содржина“ би бил навреда за пареата од електронска цигара. Според него, филмот е делумно пропаганда, делумно услуга за моќни играчи, но во суштина – едноставно лош.

Ништо поблага не е ниту публиката. Коментарите на IMDb се преполни со критики дека филмот се претставува како документарец, а всушност е предолг, заморен и без вистинска вредност, со очигледна намера Меланија и Трамп да се прикажат во подобро светло. Еден гледач го сумира впечатоците велејќи дека станува збор за „предолг и ужасно досаден филм без ниту една откупна особина“, додека друг се жали на монотоната нарација и „рамното“, безбојно снимање. Трет коментар иронично забележува дека, ако филмот навистина чинел милиони долари, „некој умешно го намирисал Амазон и ја искористил шансата“, оценувајќи го како бавен и задушлив обид за лакирање на имиџот.

Во морето негативни реакции, еден корисник се пошегувал дека „единственото нешто што навистина вредело во филмот биле чевлите на Меланија“. Друг подолг осврт го опишува искуството на гледање како исполнување на однапред зададена нарација, со „трошки од Меланија“ и надуен промотивен тон, прашувајќи се зошто воопшто е снимен ваков филм додека Доналд Трамп сè уште е активен во политиката. Заклучокот на овој гледач е дека филмот бил толку здодевен што не бил ниту доволно интересен за гледање, ниту доволно опуштачки за спиење – обид за контрола на јавната слика кој не успеал да понуди никаква вистинска длабочина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-01-21-at-14.35.00

Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: „Поотворена е, тоа доаѓа со времето“

Медиасет | пред 2 дена

Screenshot-2025-01-22-at-12.53.38

Кој е дизајнерот што ја облече Меланија и што најавија нејзините модни избори?

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-11-12-141505

Трамп утре ќе се види со Бајден, Меланија го игнорираше повикот на првата дама на САД

Свет | пред 1 година

melanija-1

Меланија Трамп го нарече чудо тоа што нејзиниот сопруг преживеал два обиди за атентат

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања