Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Меркел: Време е Германија да добие жена претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryi4de13b5e0l78oVMZli

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Германија треба за првпат во својата историја да добие жена претседател. Таа повика наследникот на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, чиј втор петгодишен мандат истекува во март следната година, да биде жена.

— реклама —

„Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија никогаш не сме имале претседателка“, изјави Меркел во интервју за „Магента ТВ“. Во емисијата „Бестбезецунг“ таа порача дека е време да се размисли дали конечно не треба да се случи таква промена.

— реклама —

Меркел, која доаѓа од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), истакна дека познава жени кои би можеле да ја извршуваат претседателската функција, но не сакаше да открие за кого станува збор.

Новиот германски претседател ќе биде избран на 30 јануари од Сојузното собрание, посебно уставно тело кое се свикува на секои пет години исклучиво за избор на шефот на државата.

— реклама —

Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зедер, веќе со месеци се залага Штајнмајер да биде наследен од претседателката на баварскиот парламент, Илзе Ајгнер.

Меѓу другите имиња што се споменуваат во конзервативниот блок се претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, министерката за образование Карин Приен и поранешната претседателка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi4de13b5e0l78oVMZli

Меркел загрижена поради јакнењето на екстремите во Германија: „Умереноста сè повеќе исчезнува“

Свет | пред 7 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања