Промени тема
Контакт

Меси се повреди: навивачите загрижени за неговиот настап на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-librarymoeph77mf8uretaSsrL

Лионел Меси ги загрижи навивачите на Аргентина откако поради повреда го напушти натпреварот на Интер Мајами против Филаделфија Јунион, само неколку недели пред почетокот на Светското првенство.

— реклама —

Аргентинската ѕвезда беше заменета во 73-тата минута од победата на Интер Мајами со 6-4, откако претходно забележа две асистенции. Меси се фати за левата задна ложа и сам побара замена, по што директно замина во соблекувалната.

Иако одеше самостојно и без медицинска помош, неговата состојба предизвика загриженост кај аргентинската јавност, особено бидејќи Светското првенство започнува на 11 јуни.

— реклама —

Не е познато дали станува збор за посериозна повреда или само мерка на претпазливост, а натпреварот се играше во услови на силен дожд и лизгав терен.

— реклама —

Аргентина сè уште не го објавила конечниот список за Мундијалот во САД, Канада и Мексико, но се очекува Меси да биде дел од тимот доколку биде целосно подготвен.

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ претходно изјави дека ќе настапи на Светското првенство само ако се чувствува физички подготвен.

— реклама —

Аргентина првиот натпревар од групната фаза го игра на 16 јуни против Алжир во Канзас Сити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7l7qf1igj5bqcyqFzud

Од Нејмар до Модриќ: Фудбалскиот свет со пораки за последниот репрезентативен натпревар на Меси

Спорт | пред 4 часа

— реклама —
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

(Видео) Меси пред последниот натпревар за Аргентина испрати порака што ги растажи навивачите

Спорт | пред 17 часа

media-library58j6ncfhh6qk8lmg76Q

Меси со еврогол за пресврт, но Интер Мајами остана без победа во судиското продолжение

Спорт | пред 3 седмици

media-library3pmdu62p5gq2c5M6rww

Меси повторно меѓу кандидатите за „Златната топка“

Спорт | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања