Промени тема
Контакт

Мета отпушта 10 проценти од вработените и се фокусира на вештачка интелигенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
meta

Компанијата Мета отпушти 10 проценти од својата работна сила, потег кој се очекуваше речиси еден месец, додека компанијата паралелно ги засилува инвестициите во вештачка интелигенција.

Извршниот директор Марк Закерберг во интерен допис до вработените ги објаснил причините за реорганизацијата и идниот правец на компанијата.

Тој им се заблагодарил на отпуштените работници, нагласувајќи дека вештачката интелигенција е „најважната технологија на нашето време“, додавајќи дека компаниите кои ќе бидат лидери во оваа област ќе ја обликуваат следната генерација.

Покрај отпуштањата, Мета пренасочува околу 7.000 вработени на позиции поврзани со вештачка интелигенција, објави NBC News.

— реклама —

Реорганизацијата вклучува укинување на околу 8.000 работни места, како и непополнување на дополнителни 6.000 отворени позиции.

— реклама —

Компанијата уште во април најави дека за 2026 година ќе ги зголеми капиталните трошоци на меѓу 125 и 145 милијарди долари, наведувајќи дека причините се повисоките цени на компонентите и дополнителните трошоци за дата-центри.

„Ова е најдинамичниот период што сум го видел во нашата индустрија. Оптимист сум за сè што градиме за да им овозможиме на милијарди луѓе подобро поврзување и изразување“, навел Закерберг во дописот.

— реклама —

Тој признал и дека компанијата не била доволно транспарентна кон вработените и порача дека тоа мора да се промени во иднина.

Според интерните информации, вработените во САД кои добиле отказ ќе добијат отпремнина од четири месечни плати, како и дополнителна компензација според годините поминати во компанијата, заедно со поддршка за здравствено осигурување и имиграциски прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsprq05ossfa51wLW7l

(Видео) Новата ера на AI асистентите: Meta Muse може да праќа мејлови, да резервира патувања и да купува

Технологија | пред 6 часа

— реклама —
meta

Мета плаќа 18 милијарди долари и воведува строги ограничувања за децата на Инстаграм и Фејсбук: Два часа дневно и ноќна блокада

Магазин | пред 3 седмици

meta

Електронските докази сè поважни во ЕУ: Над 300.000 барања до интернет-компании за една година

Технологија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Мета на суд поради заштитата на децата: Бараат укинување на лајковите, сториња и бесконечното прелистување

Технологија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања