Промени тема
Контакт

„Мета“ се заканува со укинување на платформите во Ново Мексико поради судски спор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
meta

Технолошката компанија „Мета“ размислува за можно укинување на своите социјални мрежи во американската сојузна држава Ново Мексико, како одговор на барањата на државното обвинителство за длабоки промени на нејзините платформи, меѓу кои и „Инстаграм“, со цел подобра заштита на менталното здравје и безбедноста на децата, јавува „АП“.

Спорот се одвива во пресрет на судење што започнува следната недела, а кое се однесува на тврдењата дека „Мета“ претставува јавна штета. Случајот е продолжение на постапка во која веќе беше изречена граѓанска казна од 375 милиони долари, откако порота утврди дека компанијата свесно придонесувала за штета врз менталното здравје на деца и прикривала сознанија за нивна злоупотреба на платформите.

Државното обвинителство бара судот да наложи промени во функционирањето на детските профили на социјалните мрежи, вклучително и посилни механизми за проверка на возраста, ограничување на зависнички функции и построга заштита од сексуална злоупотреба преку подобрени безбедносни поставки.

— реклама —

Од „Мета“ тврдат дека постојано ги подобруваат безбедносните системи и дека неправедно се издвоени во однос на другите апликации што ги користат тинејџерите. Во судски поднесок, компанијата навела дека барањето за речиси целосна точност во проверката на возраста е технички неизводливо и дека може да ја принуди да ги исклучи своите услуги во државата.

— реклама —

Таквиот потег би можел да влијае врз околу 2,1 милион жители на Ново Мексико, со можни последици врз комуникацијата, но и врз дигиталното рекламирање и бизнисите што ги користат платформите на „Мета“, меѓу кои „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“.

Правни експерти оценуваат дека евентуалното повлекување би го решило правниот ризик за компанијата во таа држава, но би можело да има и политички и јавни последици. Државниот обвинител Раул Торез изрази сомнеж дека „Мета“ навистина би ги затворила своите услуги, оценувајќи дека целта на тужбата е да се воведат построги правила за заштита на децата, а не да се затворат платформите.

— реклама —

Случајот во Ново Мексико е еден од повеќе од 40 слични тужби во САД поврзани со влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на младите, што дополнително го засилува притисокот врз технолошките компании за воведување построги безбедносни стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Мета на суд поради заштитата на децата: Бараат укинување на лајковите, сториња и бесконечното прелистување

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryogsm52megssjcd1T306

WhatsApp добива нова заштита: Вештачката интелигенција ќе ве предупредува за измами

Технологија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Над 750.000 профили избришани од Инстаграм и Фејсбук поради забраната за лица под 16 години во Австралија

Свет | пред 1 седмица

meta

Мета со нов отворен модел на вештачка интелигенција: ќе може да се користи и на обичен компјутер

Технологија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања