Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Мета влегува во нова фаза на АИ трката: Претставен паметен деловен агент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-librarynimh72hl20rubGxlu9O
фото: unsplash

Американската технолошка компанија Meta претстави нов систем на вештачка интелигенција наменет за деловни корисници, со кој компаниите ќе можат да автоматизираат голем дел од секојдневните активности.

Новиот „деловен агент“, претставен на конференцијата во Лондон, им овозможува на фирмите автоматизирано да комуницираат со клиентите, да закажуваат состаноци, да обработуваат нарачки и да реализираат продажба преку платформите WhatsApp, Messenger и Instagram.

— реклама —

Од компанијата соопштија дека повеќе од еден милион бизниси веќе користат претходни верзии на нивните деловни чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, додека новата генерација алатки ќе биде достапна за претпријатија од сите големини ширум светот.

— реклама —

Според информациите на Мета, деловниот агент може да одговара на прашања од корисници, да обезбедува информации за производи и услуги, да препознава потенцијални купувачи и посложените барања да ги препраќа до вработените.

— реклама —

Истовремено е претставена и нова платформа што ќе им овозможи на компаниите да развиваат сопствени агенти со вештачка интелигенција и да ги поврзуваат со други деловни системи, вклучувајќи платформи за електронска трговија и корисничка поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

meta

26 вработени ја тужат „Мета“: Вештачката интелигенција ги избирала за отказ

Свет | пред 2 седмици

media-librarympplfmfsaaa53LuyA5o

Meta ја повлече новата ВИ-алатка по критики: Создавала лажни фотографии од профили на Инстаграм

Магазин | пред 2 седмици

meta

„Мета“ влегува во конкуренција со „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Гугл“

Свет | пред 3 седмици

media-library37b3aslh4ct61RrW9Ey

(Видео) Meta тивко вгради технологија за препознавање лица во апликацијата за паметни очила

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања