Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: 500-те милиони евра се потребни за општините и бизнисот и додека сум јас премиер државата нема да биде ставена во подредена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски за време на денешната посета одговараше на новинарски прашања околу заемот од 500 милиони евра и за критиките на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека со ова Македонија станува зависна од Унгарија, за што рече дека тие средства се потребни за финансирање на проекти на општините и поддршка на бизнисот и додаде дека додека тој е премиер никогаш нема да ја доведе Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од друг суверен освен од нејзините граѓани.

— реклама —

„Гледам дека таму се натпреваруваат кој да биде пожесток во плукањето кон мене и кон Владата, од претендентите и од новоизбраниот претседател на СДСМ. Тоа е фолклор внатрешен нивен и јас не би го коментирал. Оваа држава како што вели тој може да биде зависна само од своите граѓани. Додека јас сум претседател на Владата, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. Можеме да зависиме само од граѓаните. Тие не плаќаат и за нив работиме. Плата земаме од буџетот којшто го полнат граѓаните и тие имаат полно право да ни кажуваат што да работиме и ние ќе им кажеме што можеме и што не можеме“, потенцираше Мицкоски и додаде:

— реклама —

„Додека сум јас, ќе повторам премиер, никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од ниту еден друг суверен освен од граѓанинот“.

— реклама —

Мицкоски исто така потенцираше дека 500-те милиони евра се потребни за општините и за бизнисот, односно 250 милиони евра за финансирање на проекти на општините што е многу важно за граѓаните и 250 милиони евра под истите услови ќе им бидат дадени на бизнисот.

„250 милиони евра се за бизнисот и за фирмите и велиме еве 250 милиони евра за бизнисот и за фирмите, бидејќи условите кои што тие ги имаат на пазарот се најмалку двапати полоши. Шест, 6,5 - 7% камата без грејс период, пократок период на отплата. Практично денеска е доведен така системот во бизнисот да добива кредит само оној на којшто не му треба. Тој што не му треба кредит, тој добива, а тој што му треба не може да добие, бидејќи од сертификат за раѓање па до последно му бараат за жал кога ќе поднесе барање за кредит. Еве ние велиме, еве поддршка од нас е ова како држава, како Влада веднаш на почеток. Обврската која е ваша? Обврската ваша како бизнис е барем уште толку да имате средства коишто на овие 250 милиони вие ќе ги инвестирате, а тоа се половина милијарда инвестиции, да обезбедите годишно најмалку пет илјади нововработени и да обезбедите раст на вашето производство 5% над стапката на инфлација. Под истите услови, таа е обврската којашто ќе ја бараме од бизнисот“, истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 3 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања