Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски апелира на трпеливост: Следуваат позитивни сигнали од Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library7nl5ctdvc17ffXEglZL

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека актуелните информации поврзани со визните ограничувања на САД кон Македонија се однесуваат исклучиво на емигрантските визи, а не на туристичките посети или студентските визи, и порача дека во наредните денови очекува позитивни вести за македонските граѓани во односите со Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Според Мицкоски, нема простор за вознемиреност кај јавноста, бидејќи станува збор за тесно дефинирана категорија визи, која не ги засега граѓаните што патуваат туристички или поради образование. Тој истакна дека комуникацијата со стратешките партнери продолжува и дека очекува разврска која ќе биде во интерес на државата и на граѓаните.

— реклама —
— реклама —

Премиерот упати и критика до опозицијата, оценувајќи дека по претходните реакции и критики поврзани со Обединетото Кралство, сега неоправдано се отвораат и прашања за односите со САД.

— реклама —

Тој нагласи дека Владата останува посветена на зачувување и унапредување на односите со стратешките партнери и повтори дека очекува „многу добри вести“ за македонските граѓани во блиска иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања