Промени тема
Контакт

Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarydudb480ir3d63lvBRGT

Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето по повод Илинден, порача дека сегашната генерација има обврска да ја зачува и зајакне државата, нагласувајќи дека идеалите на Илинден и АСНОМ треба да останат темел за иднината на Македонија.

Тој истакна дека Илинден не е само историски датум, туку завет што ги поврзува Крушевската Република и АСНОМ како две клучни етапи во создавањето на македонската државност. Според него, слободата и државноста се изборени од македонскиот народ и затоа тие претставуваат трајни вредности што треба да се чуваат.

— реклама —

Мицкоски рече дека денешната битка не е само политичка или економска, туку и битка за довербата во институциите, за правдата и за достоинството на граѓаните. Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да работи на подобри услови за живот, нови инвестиции, повисоки плати, подобро образование и здравство, со цел младите својата иднина да ја гледаат во Македонија.

— реклама —

Во говорот упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека наместо идеи нуди песимизам и поделби, а порача дека нема да прифати, како што рече, „предавства на штета на државата и народот“.

— реклама —

На крајот од обраќањето, Мицкоски ги повика граѓаните на единство и истакна дека Македонија треба да се гради како држава во која владеат правдата, еднаквоста и надежта, додавајќи дека идеалите на Илинден и АСНОМ остануваат патоказ за идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library5sn0ddvncrmo4qMaB9k

Поддршка за најмладите во Илинден: Секое прваче ќе добие по 3.000 денари и училишен ранец

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryqsoc5bqeo1js8Cs5TJ7

СДСМ: Делегација предводена од претседателот Филипче положи свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин Камен

Македонија | пред 1 месец

media-library6p0n8v0htbrmbewPaAu

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања