Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
11112024-Mickoski-6

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството. Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања. Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка. Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави. Тие инсталации се жилави, малкумина се, да се разбереме, не се многу. Малкумина се во обвинителството и судството сеуште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. А тоа што сум го кажал, тоа и сум го направил. На крај ќе победиме и тие ќе бидат поразени. Македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболки и температура кога треба да се дејствува против, за жал, криминалците кои беа симбол на едно погрешно владеење седум годишно“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија која остро реагира дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања