Промени тема
Контакт

Мицкоски: „Цената на струјата не поскапе, работиме од јануари да поевтини“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ги отфрли тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека земјата ја очекува тешка есен на енергетски план и ново поскапување на електричната енергија, оценувајќи дека станува збор за, како што рече, неосновани политички обвинувања.

Според Мицкоски, опозицијата со години пласира сценарија за економски колапс и други кризи, но тие, како што рече, не се оствариле.

— реклама —

„Веќе трета година од мандатот цената на електричната енергија за граѓаните не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари да поевтини“, изјави премиерот.

Тој потсети дека, според него, за време на владата на СДСМ и ДУИ цената на електричната енергија пораснала за една третина и додаде дека тоа се, како што рече, мерливи резултати кои можат да се споредуваат.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека приоритет на Владата останува подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека во таа насока ќе продолжи да ги креира своите политики.

— реклама —

Осврнувајќи се на критиките од опозицијата, тој оцени дека тие водат „некреативна и незрела политика“, додавајќи дека Владата ќе остане фокусирана на реализација на проектите и економските политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања