Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Македонија
media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за инвестиции во центри за податоци и развој на вештачката интелигенција, оценувајќи дека тие се клучни за идниот економски и технолошки развој. Тој најави дека Владата работи на неколку инвестиции од овој вид.

— реклама —

Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски рече дека нема да дозволи Македонија да заостанува во развојот на овие индустрии, туку ќе се стреми да биде меѓу земјите што активно ги применуваат новите технологии.

— реклама —

„Да, сум за центри за податоци и ќе продолжам да бидам затоа што тоа е иднината. Денеска светот својот развој го гледа во центрите за податоци, вештачката интелигенција и нема да дозволам, прво како инженер, второ како професор, мојата земја и моите граѓани да бидат на опашката, наместо да имаат можност да бидат на челото на поворката што ќе промовира ваков тип индустрија“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека Владата ќе ја искористи секоја можност за привлекување инвестиции во оваа област и дека во моментов се работи на неколку проекти.

Осврнувајќи се на противењето на опозицијата, Мицкоски ја обвини дека во минатото ја распродавала земјата и оцени дека граѓаните не сакаат да се поистоветуваат со неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води проактивни политики и презема навремени мерки, затоа сме со најниска инфлација и највисок раст на БДП

Македонија | пред 56 минути

— реклама —
media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

Македонија | пред 1 час

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски: Ги браниме државните интереси и прилично успешно се справуваме со енергетската криза

Македонија | пред 1 час

media-libraryvgappi19vvgv9cVcQa7

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот; за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања