„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски до Апасиев: Верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-mickovski-hristijan

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му врати на лидерот на Левица, Димитар Апасиев откако одби соработка:

— реклама —

„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ. Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт. Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт. Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство. Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силината на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет. Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив...“, пишува Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања