Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да постигне заеднички став за измените на Изборниот законик, порачувајќи дека владејачкото мнозинство безусловно ќе го поддржи секој предлог што ќе го содржи решението за гласање на македонската дијаспора.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека Изборниот законик е една од десетте реформи што треба да бидат завршени до средината на јули во рамки на европските обврски на државата.

Тој оцени дека сегашниот начин на гласање на иселениците не овозможува тие во доволен број да го остварат своето избирачко право, особено оние што живеат во прекуокеанските земји како Австралија и Канада.

— реклама —

Мицкоски посочи дека Владата веќе подготвила предлог што ги содржи препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но, според него, не добил поддршка од опозициските партии.

— реклама —

„Седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко ќе го поддржиме. Само да го завршиме ова до 15 јули за да можеме успешно да ги завршиме десетте чекори и да преминеме во следната фаза“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека владејачкото мнозинство има усогласен став и е подготвено да ги прифати барањата на опозицијата, доколку тие достават заеднички предлог што ќе го регулира и гласањето на дијаспората.

— реклама —

Воедно, премиерот ја критикуваше опозицијата, оценувајќи дека сè уште нема постигнато заеднички став околу измените на Изборниот законик и дека поради тоа процесот останува блокиран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања