Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: До сега во неколку случаи сум разочаран од делувањето на обвинителството и судството, им се трошат шансите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
07102024_MICKOSKI

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.

— реклама —

„Еве еден пример кој што не го знае јавност за кој што беше констатирана злоупотреба сериозна и штета на државниот буџет, во случајот општинскиот буџет за околу 70, 80 милиони денари. Од страна на судијата му беше одредена мерка на претпазливост, да се јавува еднаш во судот неделно. И сега ќе влеземе во еден процес кој што ќе трае можеби децении, од прилика така изгледа таа работа“, рече тој и додаде:

— реклама —

„Но, не сакам ова да звучи како притисок врз обвинителите и судиите. Мене можеби најлесно како претседател на Владата, како што велите вие имате две третини да ги смениме сите овие, да им направиме интерпелација, и на нивните места да донесеме луѓе кои што ние ќе ги предложиме. И можеби ние тогаш ќе имаме робусна, жестока, јака битка. Ама тогаш ќе речат еве донесовте партиски кадри, се симнаа едните, дојдоа другите, и сето тоа ќе фрли дамка во процесот. Затоа ние велиме, имаме јавен обвинител кој што го избрал претходното мнозинство. Да имаме 80 пратеници, но велиме еве овој обвинител од претходното раководство од СДСМ и ДУИ нека обвинува согласно закон, онака како што треба.

— реклама —

Ние не го менуваме, иако можеме утре да го смениме, и него и судски совет, и совет на јавни обвинители. Но, ние даваме шанса, да не биде дека ние партизираме. Но таа шанса нема да биде до недоглед. Таа шанса се ситни, се троши. И кога ќе видиме дека не го направил тогаш логично е да предложиме наши луѓе во кои веруваме дека ќе го испорачаат тоа кое што очекуваме ние и граѓаните да го испорачаат, тоа е битка против криминалот и корупцијата. Тоа е нашата стратегија.

— реклама —

Еве даваме шанса, да не биде дека не сме дале, дека партизираме, еве повелете господа обвинувате и судите согласно закон и Устав. До сега сум разочаран во неколку случаи. Се постапува калкулантски и морам да кажам дека се постапува според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се и тоа не е добро.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања