Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски е ироничен“, му вратија ДУИ на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarypqk10lh40i1i6zWGhdd

Демократската унија за интеграција останува доследна на својот пристап – аргументирана дебата заснована на факти, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз економијата и стандардот на граѓаните, велат од ДУИ како реакција на изјавата на премиерот Хирстијан Мицкоски.

„Во однос на изјавата на премиерот, сметаме дека теми од ваква важност бараат сериозен пристап и јасни одговори, а не обид за релативизирање преку иронија. Фактите се јасни.

— реклама —

Од 1 јануари 2026 година, според достапните податоци, се реализирани набавки на електрична енергија во вредност од околу 25 милиони евра.

Станува збор за набавка на базна енергија од 140 MWh, што значи купување и во ноќните часови, кога побарувачката е намалена.

— реклама —

Притоа, неспорно е дека количините на увоз ја надминуваат продажбата. Ова не е прашање на политичка интерпретација. Ова е прашање на бројки, економска логика и одговорно управување со државните ресурси.

Доколку Владата смета дека оваа политика е оправдана, тогаш треба тоа јасно да го образложи пред јавноста – со факти и аргументи.

— реклама —

ДУИ не бега од бројки. Напротив, токму бројките покажуваат дека јавноста има право да бара објаснување.

ДУИ ќе продолжи да настапува со конкретни предлози и конструктивен пристап, со единствена цел – заштита на интересите на граѓаните и обезбедување стабилен и одржлив енергетски систем.

— реклама —

Јавната дебата мора да се води со факти, затоа што граѓаните заслужуваат одговори, а не досетки“, се вели во реакцијата.

media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

„Не ја владеат материјата“, им врати Мицкоски на кадрите на Ахмети откако го обвинија дека лаже

По објавата на ДУИ дека за само два месеци се потрошени над 24 милиони евра за увоз на електрична енергија, што според партијата укажува на недоволен производствен капацитет на ЕСМ и зголемен притисок врз цената за граѓаните, премиерот Хистијан Мицкоски ја поздрави новата реторика на ДУИ, нагласувајќи дека партијата конечно се фокусира на реалните проблеми што ги засегаат граѓаните, како што е моменталната енергетска криза„Сакам да го поздравам ова ново однесување од страна на ДУИ бидејќи излезе

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 21 час

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 21 час

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања