Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4643

,,Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во новата инвестиција на компанијата Киел.

Во едни вакви тешки времиња би рекол дека не само што е мудра, туку и навистина смела одлука да се инвестира во државата.

И во таа смисла јас како човек кој за скоро очекувам да ја добијам парламентарната поддршка за водење на идната влада имам изразена намера да придонесам и активно поддржам секаков процес кој ќе значи нови работни места, повеќе пари во македонската економиjа, успешни бизнис приказни кои ќе ја потврдат мојата искрена намера преку инвестиции, преку развој и технолошки прогрес да ја враќаме државата на народот, контролата во негови раце и да создаваме среќна иднина за сите.

Целосно сум свесен за предизвиците кои престојат и реформите кои мора да се преземат.

Корупцијата и борбата против криминалот ќе биде нашиот примат и секој инвеститор мора да биде стопроцентно уверен дека државата ја гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци и настојувања.

Никој не смее да биде над законот, исто како што никој не смее да помисли да ја одземе иднината и работите кои ја создаваат иднината.

— реклама —

Новата влада ќе биде партнер на стопанствениците.

Заедно да создаваме и да придонесуваме за подобар живот.

Јас сум за што повеќе инвестиции кои го зголемуваат животниот стандард, а ова е борбата за подобар живот на сите граѓани.

— реклама —

Македонија се сака со дела и тоа е најдобриот одговор за сите кои во политиката прават етнички поделби, креваат ѕидови и создаваат омраза.

Да имаме натпревар на идеи, наместо натпревар во шовинизам и радикализам.

Со работа, со решенија и креирање конкретни работи се сакаат и се бори за благосостојбата на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати.

— реклама —

Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата.

Ќе има кратење на административните процедури и отстранување на бариерите кои го попречуваат бизнисот.

На крајот дозволете ми да им честитам на инвеститорите за храбрата одлука, во мене гледате човек кој сака да ви помогне и заедно да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. За сите вас.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 8 часа

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 3 дена

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања